Состојки:
2 помали тиквички
прстофат мелен ким
прстофат мелено морско оревче
1 лажица сечкан власец
1 лажичка сечкан магдонос
1 лажичка сецкан копар
1 литар бујон од зеленчук
1 крем за готвење
2 лажици рендан пармезан
1 чешне лук
1 кромид
1 лажица брашно
2 кришки бајат леб
Подготовка:
Кромидот исечкајте го и пржете го во маслиново масло. Додадете ги сечканите тиквички и динстајте додека малку да омекнат. Истурете го бујонот и варете додека тиквичките целосно не омекнат. Се меша кремот за готвење со брашно, се додава кимот, морското оревче, магдоносот, копарот, власецот, ситно сечканиот лук и пармезанот. Тргнете ги тиквичките од оган и изматете ги со миксер. Додадете ја павлаката со зачините и варете уште 5 минути. Сол и бибер по вкус. Парчињата леб исечкајте ги на коцки и пржете ги на малку масло додека не поруменат. Се ставаат во супа пред сервирање.
Извор: Курир.мк