Радио Милева пред големи нешта

Малечката порасна: Вака изгледа Мартија Станојковиќ на матурското табло (фото)

Малечката порасна: Вака изгледа Мартија Станојковиќ на матурското табло (фото)

Како да беше вчера кога малечката кумановка Мартија Станојковиќ ја гледавме во регионалното шоу „Пинкови ѕвездички“ од каде пошироката јавност ја запозна како едно ултра талентирано малечко девојче.

Денес баш тоа малечко девојче порасна во девојка која стигна до матура и полнолетство.

Мартија годинава е матурантка и го завршува средното образование.

Нејзината фотографија која ќе се најде на матурското табло беше објавена на социјалните мрежи, а најгорда за неа разбирливо беше нејзината мајка Снежана која во прилог на фотографијата и напиша и посвета која гласи:

-Среќна матура дете мое, ти посакувам еден ден да станеш академски граѓанин, но пред се’ да останеш добар човек како што те воспитав и до сега, пишува мама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)

Матурата е нешто кое се памети, а веруваме дека Мартија ќе го направи вистинскиот избор за себе и ќе ги исполни очекувањта на своите родители.

Каков ќе биде нејзиниот избор во поглед на факултет, останува да видиме…

To top