Повеќето одводни канали се затнуваат поради маслото за јадење и маснотиите, но во бањата често косата предизвикува блокада. Остатоците од сапун исто така може да предизвикаат блокада, што треба да се отстрани веднаш штом ќе се забележи. Постојат голем број на различни начини за отстранување на блокадата, а најефикасен е со помош на крема за депилација.
Евтин крем за отстранување на влакна прави чуда. Ставете голема количина во одводот, истурете врела вода и оставете да отстои 15 минути пред да ја исплакнете. Ќе ги стопи сите влакна во цевките.
Вообичаено, кремата за отстранување на влакна ја јаде, ја разградува и раствора. Меѓутоа, ако има голема количина на влакна, овој трик можеби нема да работи, па затоа треба да побарате друг метод, вклучувајќи бел оцет и кристали од сода бикарбона.
Оставете ги кристалите со сода во одводот преку ноќ со оцет и потоа прелијте ги со врела вода. Редовното отстранување на влакната од одводот може да помогне да се спречи таложење.
Ако ниту еден од споменатите методи не помага, обидете се сами да го исчистите одводот. Прво, пронајдете ја цевката во форма на буквата У, која е првата под отворот на приклучокот. Ставете кофа под неа и внимателно одвртете дел од цевката, ова е вообичаено област која често се затнува.
Ако не сте сигурни, ангажирајте професионалец за да избегнете можна штета.
Извор: Курир.мк