Живот и Стил

Оваа верзија на мусака не само што е вкусна, туку е и омилена на децата

Оваа верзија на мусака не само што е вкусна, туку е и омилена на децата

Состојки:

1 кг компири
500 гр мешано мелено месо
1 главица кромид
1 чешне лук
1 дл сок од домати
2 јајца
1 дл млеко
2дл крем за готвење
1 лажица кисела павлака
зачини по вкус
магдонос

Подготовка:

Компирите сварете ги, па испасирајте ги, додадете малку путер, млеко и зачинете го пирето по вкус. На малку масло се пропржуваат ситно сечканите лук и кромид, се додава месото и зачините и се динста малку. По некое време, додадете сок од домати.

Во лесно набрашнет сад за печење ставете половина од пирето, па смесата со месото, па другата половина од пирето.
По желба одозгора може да се додаде и рендано сирење. Се пече 15-20 минути на 180-200 степени додека бојата на површината на мусаката не порумени.

извор:попара.мк

To top