Со мека текстура и полн вкус, овие плескавици се лесни за подготовка и се вистински хит за скара што можете да го подготвите и на грил тавче… Уживајте!
Со додавање на презла, јајце, ворчестер сос, млеко и лук во прав, овој рецепт создава совршена основа за сочни плескавици. Во центарот на секоја се додава парче чедар, кое се топи за време на печењето, создавајќи прекрасен вкус и кремаста текстура. Со неколку прилози по избор, овие хамбургери се идеален оброк за семејството или пријателите.
Состојки:
500 гр мелено говедско месо
четвртина чаша презла
помало јајце
лажичка ворчестер сос
лажичка млеко
100 гр чедар сирење
малку лук во прав
сол, бибер
Подготовка:
Ставете го месото во поголем сад, додадете ги презлата, јајцето, ворчестер сосот, млекото, лукот во прав, солта и биберот, па сè добро измешајте. Поделете на четири дела, направете топчиња, сплескајте ги со дланките, па во средината ставете малку чедар сирење. Завиткајте ги краевите на месото, а потоа формирајте плескавици. Печете на скара или во грил тава на умерена температура, додека не поруменат од двете страни. Послужете во лепчиња, со прилози по ваш избор.
Извор: Курир.мк