Андреа направила сајт каде што поставува слики од своите стари тоалетии нивната цена. Цените на облеката се во просек околу 150-200 евра. Едно парче сепак, остава впечаток, бидејќи неговата цена е рекордни 4.000 евра. Тоа е покриено со блескави камења.
„Оваа облека им е позната на моите обожаватели кои ме следат. Го правам тоа затоа што во оваа индустрија не можете да повторите облека. Не го носиме истото двапати“, сподели и русокосата.
Идејата на пејачката и била да и даде нов живот на облеката и таа доаѓа од холивудските ѕвезди кои често ја практикуваат оваа стратегија. Андреа првенствено беше инспирирана од семејството Кардашијан, познато по својата убавина, стил и брендовите кои ги создаваат.
„Во Америка тоа го прават и тие, на пример линијата на Кајли и Ким Кардашијан, и целото нивно семејство, го користат овој начин на работа“, објасни пејачката.
Фото: Инстагра принтскрин/andreabulgaria