Тијана Дапчевиќ е една од најпрепознатливите уметници на нашите простори но и во регионот. Прославена пејачка и актерка, таа ја изгради својата кариера исклучиво со помош на талентот, уникатноста и шармот.
Важи за една од најдуховитите жени меѓу познатите и бидете сигурни дека забавата со неа нема да ви недостига. Зад себе остави неизбришлив музички, актерски и уметнички белег. Оваа пејачка со македонско потекло, со адреса на живеење во Белград, каде го изгради своето семејно гнездо, е сопственик на многу хитови кои ги пеат сите генерации.
Не ја гледаме често во Македонија, бар онолку колку што таа би сакала, уште помалку во некое телевизиско шоу, интервју… Но, естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ доби ексклузива, па иако досега зборувала јасно и гласно за многу теми, искрено и отворено, овој разговор некако се чувствува дека е потполно искрена како никогаш досега.
Тијана зборува за Македонија, третманот, почитувањето кое го добива од својата земја, Тамара, и со солзи во очите откри што и ја крепи љубовта кон Македонија.
Проследете го интевјуто со Тијана од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):