Радио Милева како во турска серија

Тања Савиќ поради новото момче имала физичка пресметка со својата мајка, а во целата драма се замешал и екс-сопругот на пејачката

Тања Савиќ поради новото момче имала физичка пресметка со својата мајка, а во целата драма се замешал и екс-сопругот на пејачката

Новото момче на Тања Савиќ донесе превирања во нејзиното семејство.

Според медиумите, пејачката Тања Савиќ има ново момче кое е 11 години помладо од неа. Станува збор за извесен Мухамед Б., покрај кој пејачката заборавила на поранешниот сопруг Душан Јованчевиќ.

Тања и Мухамед се во емотивна врска неколку месеци, а колку е сериозна работата покажува и фактот што поради неа се преселил од Америка во Белград. Единствено што ѝ ја расипува среќата на пејачката е тоа што нејзините родители наводно се против оваа врска, а како што се шпекулира, нејзината мајка не ни зборува со неа поради ова.

„Точно е дека Тања има ново момче Мухамед и дека е 11 години помлад од неа. Тој е од Бјелина, а живее во Америка. Тие се запознаа во Америка кога таа беше на турнеја минатата година. Потоа беа во секојдневен контакт, тој навистина ја засака“, вели извор близок на пејачката и открива дека врската ја официјализирале пред неколку месеци, но дека не сака јавноста да дознае за тоа, а ниту нејзиниот поранешен сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Новиот дечко на Тања Савиќ лудо се заљубил во неа, па прави сè за да ја одржи нивната врска.

„Мухамед е многу внимателно момче и брзо го освои срцето на Тања. Отпрвин се двоумеше дали да стапи во врска со него, но потоа и таа се заљуби. Колку е сериозна нивната врска и колку тој се грижи за неа говори и тоа што тој во Белград дојде поради Тања. Живее во близина на центарот и сега го запостави бизнисот бидејќи многу време поминува во српската престолнина. Двајцата не се разделуваат, дури и ја придружува на настапите, но поради медиумите, доаѓаат одвоено“, вели изворот.

Сепак, не е сè толку магично бидејќи, наводно, родителите на Тања се противат на нејзината врска со Мухамед, а таа е принудена да го крие од семејството, што многу ѝ пречи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

-Токму кога помислила дека сè е во ред и кога му го претставила Мухамед на семејството, наишла на нов, неочекуван проблем. Она што е многу интересно е дека нејзините родители се против врската бидејќи тој е муслиман. Тоа воопшто не ѝ пречи на Тања и се обидела да ја убеди мајка си Живана да го прифати нејзиниот нов партнер, но таа не сака ни да слушне за него. Живана отишла дотаму што поради Мухамед се степала со својата ќерка. Нејзините родители навистина се заштитнички настроени кон неа и таа од нив крие дека сè уште се заедно – заклучува изворот.

Веднаш откако дознал за медиумите се огласил и поранешниот сопруг на пејачката, Душан кој живее во Австралија.

-Сироти мои деца, која им е мајка… толку можам да кажам, кратко заклучи тој.

фото:Инстаграм/Тања Савиќ

To top