За новата песна на Тамара Тодевска која ја објави пред два дена, во медиумите и на социјалните мрежи може да се прочитаат само ласкави коментари за „Нијагра“.
Иако срцето веројатно и тепереше од радост и беше ултра задоволна од реакциите, сепак нејзините мисли беа резервирани само на едно- здравјето и состојбата на ќерката Хана која имала здравствен проблем за кој морало да се изведе мала интервенција.
А мајка како мајка, мисли само на детето и ништо повеќе, чекајќи само добри вести за своето најмило. Тамара преку својот Фејсбук сподели колку се радува на реакциите за песната што нема кој не ја сподели, а дополни и дека срцето сега и е на место бидејќи Хана е добро.
-Изминативе 24 часа ми пристигнуваат илјадници пораки и преубави коментари за Нијагра. На секој еден – премногу се радувам, но со мала задршка, затоа што со моја Хана неколку ноќи минавме во болница, каде таа имаше мала и рутинска интервенција. Сега е добра, а јас пресреќна за енергијата која ми ја праќате.
Таа е пораката и на „Нијагара“. Борбата е различна и секојдневна, но љубовта е една и безусловна. Фала Ви од срце, пишува мама Тамара за фотографијата на која е заедно со ќеркичката која лежи во кревет до мама.
На децата се’ им поминува брзо и закрепнуваат побрзо од возрасните, па сигурни сме дека тоа ќе биде и случајот со Хана која наскоро ќе им се фали на другарчињата за новата песна на мама која научила да ја пее и игра од почеток до крај.
фото:Фејсбук/тамара тодевска