Живот и Стил

Направете си сируп од киви – може да спречи појава на тромб, згрутчување на крвта, но и ризик од мозочен удар

Направете си сируп од киви – може да спречи појава на тромб, згрутчување на крвта, но и ризик од мозочен удар

Сокот од киви е нешто што треба да го вклучиме во секојдневната употреба бидејќи делува благотворно на организмот и е полн со различни здрави состојки.

Одличен е за оние кои имаат проблеми со песок во бубрезите и жолчката. Сокот од киви ќе ви обезбеди големо количество калиум и влакна, кои исто така можат да ве заштитат од срцеви заболувања.

Треба да бидете внимателни со дневната количина на сок од киви. Не треба да пиете повеќе од 1-2 чаши сок што сте го разредиле со вода, бидејќи може да сте алергични на киви.

Состојки:

1,5 килограми свежи и излупени киви

половина килограм шеќер

1,5 литри вода

Подготовка:

Кивито излупете го и исецкајте го, ставете го во блендер и изблендирајте. Ако немате блендер при рака, можете да користите и мелница за домати. Потоа изблендираното киви поминете го низ густа цедалка за да испушти што повеќе сок. Потоа зовријте ја водата, кога водата ќе зоврие почекајте да се излади.

Во исцедениот сок од киви додајте ја провриената вода што се оладила и половина килограм шеќер. Мешајте околу 20 минути додека шеќерот целосно не се раствори. Стаклените шишиња во кои ќе го истурите домашниот сок од киви стерилизирајте ги и ставете ги во фрижидер. Пред да го користите сокот, разредете го со вода.

Сокот или сирупот од киви содржи: витамин А, витамини од Б комплексот, витамин Ц, витамин Е, витамин К, селен, калциум, калиум, фосфор, каротеноиди, железо, хлорофил, лутеин, јаглехидрати, флавоноиди и затоа се препорачува да се користи во исхрана за бебиња, а кивито особено се препорачува за време на бременоста.

Извор: Курир.мк

To top