Пејачката Весна Змијанац ја напушти болницата, а фолк ѕвездата на која минатиот четврток и беше вграден бајпас на Клиниката за кардиологија при Клиничкиот центар на Србија, вчера утрото си замина дома во придружба на нејзината ќерка Николија Јовановиќ.
Извор близок до Змијанац потврди дека пејачката ја напуштила болницата и е во новиот стан:
– Весна е добро! Ќе мора да мирува, да пие лекови и да оди на редовни контроли. Сега е во својот нов стан кој го купи лани. Нејзината ќерка Николија е постојано со неа – вели изворот и додава дека пејачката веднаш ја замолила ќерката да и порача суши:
– Таа реши целосно да го промени својот живот, особено исхраната. Штом пристигнала во станот, рекла дека сака суши! Николија се насмеа бидејќи мајка ѝ никогаш порано не сакала да го јаде. Нејзината исхрана секогаш била мрсна, калорична и зачинета, а сега решила да јаде што повеќе риба, супа и сирова храна.
Весна планира да остане во станот до првиот преглед кој го закажа за следната недела, а потоа да оди во Букуља:
– Не може долго време да биде затворена во четири ѕида. На ќерката и кажала дека по првиот увид заедно со внуците оди директно во нејзината куќа во Букуља. Весна не може без Букуља. Работниците кои се грижат за нејзиниот имот ја засадиле нејзината градина, па таа не мора ништо да прави, туку само да ужива – ја завршува приказната изворот за српски Ало.
– Најважно е дека мајка ми е добро, сега морам да има мир за време на закрепнувањето. Таа нема да го користи телефонот некое време, ве молиме оставете ја да се опорави и таа ќе ви се врати, вели Николија.
фото:Инстаграм принтскрин/Весна Змијанац