Иако моментално е една од најуспешните пејачки на балканската сцена, Теа Таировиќ вели дека нема среќа во љубовта.
На емотивен план таа не е исполнета, но на деловна страна вели дека буквално цветаат рози.
-Немам среќа во љубовта, но имам среќа во работата. За себе можам да кажам дека сум среќна личност, иако љубовта не ме исполнува. Немам многу среќа во љубовта, но мора нешто да не е во ред. Засега не сакам да се мажам и да носам бела венчаница, а не дај Боже и да се заљубам. Тоа би ме убило, ќе се затворам засекогаш. Каква црна симпатија, само сакам да уживам во мојот живот. Работата е всушност моето најголемо задоволство, нагласува пејачката.
View this post on Instagram
Теа вели дека нејзината мајка Божица ја теши кога има проблеми.
-Мама ме смирува секогаш кога ќе почнам да ме фаќа паника. Таа ми вели дека секогаш треба полека да се оди низ животот. Под стрес сум за сè кога е работата во прашање, бидејќи ова е мојот живот и давам се за доброто на мојата пејачка кариера. Тоа е голема одговорност и затоа воопшто не ми е удобно, вели Теа.
фото:Инстаграм принтскрин