Некогашната победничка на „Ѕвездите на Гранд“ Милица Тодоровиќ пред неколку дена одржа хуманитарен концерт во родниот Крушевац.
Пејачката и нејзините колеги собирале помош за една сограѓанка, а пред да излезе на сцената Милица доживеала ситуација која сигурно ќе ја памети цел живот.
Имено, неколку минути пред почетокот на концертот, на Милица во бекстејџот и пристапило момченце кое и донело цвеќе на подарок. Таа била трогната од овој гест, а во еден момент се расплакала.
„Дојди мое сонце, седни со мене. Па, како да не плачам сега?“ – рекла таа и го седнала малечкиот и нејзиниот скут. Ниту тој не можел да ги задржи емоциите, па силно ја гушнал Милица, а потоа и двајцата почнале да плачат.
„Беше многу емотивно, сите беа трогнати. Момчето ја стави главата до неа, ја гушкаше долго, да можеше ќе се вовлечеше во нејзината душа, колку беше среќен“ – изјавила жената очевидец за Гранд.
Фото: Инстаграм принтскрин/milicatodorovicofficial/Jeleni Đokić