Руколата и пармезанот одлично одат со лук, а ручекот или вечерата можете да ги послужите вака приготвени со ваш избор на бело вино или освежителна лимонада…
Состојки:
пакување паста по ваш избор
3 супени лажици маслиново масло или путер
7 чешниња лук
2 големи шаки рукола (или спанаќ)
60 гр рендан или тенко исечен пармезан
лажичка песто сос по вкус
Подготовка:
Ставете ги тестенините во зовриена солена вода да се варат. Лукот ситно исечкајте го. Загрејте го маслиновото масло или путерот во тава на тивок оган и додадете го кромидот. Пржете додека не порумени. Кога ќе биде готово тргнете од оган. Исцедете ги тестенините со цедалка, вратете ги во тавата и веднаш додајте ја смесата од тавата, руколата и пармезанот. Промешајте и послужете топло. По желба додадете го песто сосот.
Пријатно!
Извор: Курир.мк