Има многу приказни за потеклото на мухалебијата, десерт кој денес се смета за турски специјалитет.
Овој кремаст десерт е прогласен за едно од најубавите слатки во светот.
Многумина ги потсетува на сутлијаш, само без ориз.
Се приготвува побрзо од сутлијашот, бидејќи не е потребно време за варење на оризот, а потребни се само 10 минути за подготовка на мухалебијата.
Доколку сакате млечни десерти и кокос, тогаш оваа торта е вистинскиот избор за вас.
Состојки:
– литар млеко;
– 100 грама путер;
– 4 лажици кокосово брашно;
– 6 лажици гриз;
– 200 грама шеќер;
– 1 кесичка ванилин шеќер;
– декорација по вкус.
Подготовка:
Прво растопете го путерот, па измешајте го со гризот. Потоа истурете млеко и сè добро измешајте, па прелијте со шеќер и ванилин шеќер.
Сето тоа варете го додека не се згусне, а потоа додадете го кокосовото брашно и варете уште три минути со постојано мешање.
Истурете го десертот во чаши и оставете го да се излади.
По желба можете да декорирате со мелени лешници, бадеми, цимет, брусница, какао или што и да посакате.
извор:точка.ком.мк