Живот и Стил

Дневен хороскоп за петок, 10-ти март 2023-та

Дневен хороскоп за петок, 10-ти март 2023-та

ОВЕН
Ќе го збогатите вашето знаење во областа во која го вложувате трудот, но и не само таму. Со тоа што ќе станете поинформирани, ќе ја зголемите вашата конкурентност на пазарот на труд, а со тоа и вашите финансии. Во овој поглед, можна е промена во вашите планови, но сѐ е предмет на вашите интереси и бизнисот. Поддршка од луѓе од кои не ја очекувавте и ќе ве импресионира.

БИК
За побрзо да завршите некоја планирана задача, побарајте помош од оние околу вас, никој нема да настрада од тоа, напротив. Ќе имате време за други активности, за семејството и за себеси. Раскинувањето може да ве растажи, но тоа нема да трае долго. Ќе следи познанство, кое сигурно ќе се претвори во повеќе од обична врска.

БЛИЗНАЦИ
Работата и развојот на вашите дела се одвиваат според вашите очекувања, но тука е и стресот. Погрижете се за сосптвената рекреација, нема да ви недостасува добро расположение и желба за забава. Покажете им ја вашата наклонетост кон обесправените, не ги осудувајте, туку помогнете им да излезат од кризата.

РАК
Домот и семејството ќе ве привлечат како магнет и со задоволство ќе им го посветите денот. Тешкотиите од последните денови се веќе надминати и со задоволство ќе откриете дека среќата веќе ви се враќа. Ова ќе влијае на сите области од вашиот живот. Живејте спокојно и со отворено срце.

ЛАВ
Ако досега сте имале неуспеси, работите веќе се сменети. Земајќи ги работите во свои раце, ќе покажете флексибилност и способност за работа во секоја ситуација. Поканата за состанок ќе ве расположи, така што ќе ви биде интересно и пријатно. Комуникацијата ќе ве исполни со нови идеи кои наскоро ќе најдат нивна имплементација.

ДЕВИЦА
Заедничките учества и новите ангажмани ќе ви го направат денот бурен, но плоден. Водени од разумот и со прагматично чувство за нештата, ќе ги носите своите одлуки и нема да згрешите. На личен план можни се договори кои ќе ви ги променат плановите за вечерта. Завршување на старите обврски.

ВАГА
Одите полека но сигурно кон вашиот успех и не дозволувате никој да ве тргне од вашиот пат. Ако барате поддршка нема да бидете разочарани. Љубовната возбуда ќе ја направи вечерта поинаква. Некому му должите и не се обидувајте да го минимизирате вашето отсуство крај него.

ШКОРПИЈА
Бидете воздржаи кон недостатоците на вашите најблиски. Вашата преголема критика може да ја влоши атмосферата дома. Добрите вести ќе ви го подигнат расположението. Сите ваши очекувања во врска со вашето претстојно вработување не се напразни. Имате да завршите нешта а коишто не можат да се одложат.

СТРЕЛЕЦ
Ќе постигнете повеќе ако не ги штедите пофалбите за луѓето со коишто работите. Не може да има нешто што ќе ве импресионира и што не сакате да го поттикнете во нив. Ако го правите тоа, бидете сигурни дека заедничкото меѓу вас ќе се продлабочи и ќе се развие во позитивна насока, а со нив и заработката.

ЈАРЕЦ
На секој проблем што ќе се појави ќе му пристапите со многу енергија и желба за работа. Лесно ќе ги отфрлите сите стари обврски. Искористете го максимумот од вашата виталност и одлична форма. Дома со задоволство ќе си дозволите да бидете разгалени, но можете да подготвите и изненадување за вашите најблиски. Меѓусебните и заеднички чувства ќе ве зближат и ќе ве направат вистински среќни.

ВОДОЛИЈА
Настаните ќе ги потврдат вашите предвидувања, но бидете искрени со себеси. Постепено ќе гледате работи кои ви избегале или свесно сте ги игнорирале. Ќе ја обновите соработката со личност со која имате убави спомени од успешните денови.

РИБИ
Прифатете ја можноста што ќе ви се открива на крајот од седмицата. Фокусирајте се и дадете сѐ од себе. Ненадејните финансиски приходи и сродните формалности може прилично да ви ги поматат плановите за денеска.

извор:нетпрес.ком.мк

To top