Нема ништо лошо да ни се случи доколку со текот на времето изедеме чоколадо, колач, чипс, но важно е да не ги консумираме секојдневно и премногу и дека оброците треба да се направени врз основа на здрави намирници кои докажано се богати со хранливи материи.
Изборот не е мал, но можеби не сте знаеле дека ниту со нив не треба да претерувате затоа што и тие можат да предизвикаат здравствени проблеми. За кои намирници станува збор?
Вода со лимон
Жените обожуваат да ја пијат и со неа често го започнуваат денот затоа што слушнале дека така се губат килограмите, иако експертите тврдат дека нема особено делување освен тоа што лимонот го подобрува вкусот на водата.
Никој не вели дека оваа комбинација не треба да се пие, како и за сè друго, но не смее да претерувате со неа. Големите количини напиток можат да ги оштетат забите, да ја оштетат површината на забот и да го отворат патот за појава на кариес.
Овесни снегулки
Многу од луѓето ги јадат за појадок затоа што брзо се подготвуваат, а со додатокот на овошје во нив се подготвува одличен десерт. И, треба да ги јадете затоа што се богати со растителни влакна, магнезиум и цинк. Меѓутоа, често содржат многу калории, особено доколку купувате веќе готова смеса за каша која може да биде полна со т.н. скриени шеќери.
Затоа ве советуваме да купите обични овесни снегулки без никакви додатоци и да си подготвите слатка или солена каша, но да не користите повеќе од 50 грама овесни снегулки по оброк затоа што во 100 грама има речиси 400 калории.
Риба
Рибата е исклучително здрава, содржи витамини Б1, Б2, Б6, Б12, омега три масни киселини, но сепак не треба да биде на вашето мени секој ден. Доколку консумирате еднаш или двапати неделно риба, со тоа ќе го намалите ризикот од смрт предизвикан од проблеми со срцето за 36 отсто.
Токму толку е доволно затоа што преголемата количина може да доведе до труење со жива, особено доколку јадете поголеми риби кои се хранат со помали риби.
Извор: Курир.мк