Радио Милева незаборавно

Слатки 16: Постарата ќерка на Наташа Беквалац славеше роденден во Париз, а мама ја воодушеви со подарокот (фото)

Слатки 16: Постарата ќерка на Наташа Беквалац славеше роденден во Париз, а мама ја воодушеви со подарокот (фото)

Хана Икодиновиќ за својот 16-ти роденден од мајка си доби подарок кој ќе го памети цел живот.

За „слатки шеснаесет“ Наташа Беквалац ја однела својата постара ќерка во Париз.

Градот на светлината е секогаш добра идеја, особено во вакви прилики. Со Хана и нејзиното друштво, поп-ѕвездата уживаше во посета на знаменитости како боемскиот Монмартр, музејот Лувр, Домот за инвалиди со гробот на Наполеон…

Шетаа покрај Сена и попатно одмараа во убави ресторани, а во еден од нив се организирала мала забава за Хана.

„Среќен роденден душо!“, кажа Наташа додека роденденската девојка ги дувала свеќите на тортата. Несомнено дека имале незаборавен прекрасен ден.

Од приложеното на Инстаграм може да се види дека наследничката на Ната уште пред полнолетство направила тетоваша на раката, што веројатно мама и дозволила.

фото:Инстаграм принтскрин

To top