Мајката на Рада Манојловиќ се разболела од рак и ја изгубила битката за живот.
Рада Манојловиќ, сега веќе многу популарната пејачка, на естрадата стапи во 2007 година со учеството на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд.“
Таа веднаш го привлече вниманието на жирито и на широката публика со необичната боја на гласот и интересниот, природен изглед. Меѓутоа, малкумина знаат дека Манојловиќ пред натпреварот пеела на свадби и приватни веселби и така заработувала за леб.
Додека гостувала во една емисија, пејачката признава дека го запоставила факултетот заради кариерата, но дека парите што ги заработила во тоа време многу и помогнале кога нејзината мајка се борела со страшната болест. Имено, мајката на Рада Манојловиќ боледувала од рак, а сознанието дека нема шанси за лек ја погоди и познатата пејачка.
Никогаш не верував во тие прогнози, но морам да ви кажам, кога велеа дека ќе живее уште еден месец, таа сепак живееше 30 дена – изјавила во емисијата Рада Манојловиќ и додала: -Бев со неа до самиот крај, ја држев за рака.
Болните моменти низ кои помина семејството кога мајката на Рада Манојловиќ беше примена во болница и го одбележаа животот и остави рана на срцето која ни времето не може да ја залечи. Во споменатата емисија Рада низ солзи се присети со кои зборови мајка и ја охрабри храбро да се соочи со нејзиното заминување и да продолжи да го живее животот во потполност. -Се сеќавам, вечерта пред да ја однесеме во болница, утредента ќе умре, пред неа почнувам да плачам како дожд, а таа така без ниту една солза ме прашува: „Зошто плачеш? , а јас велам: „Затоа што не поминав повеќе време со тебе“, се присети Рада. Мајката на Рада Манојловиќ се бореше како лавица до самиот крај, а по нејзината смрт пејачката не криеше дека е на терапија и дека и препишале лекови за смирување. Најголема поддршка во тие моменти биле нејзиниот татко и сестра Марија, без кои, како што самата признава, не можела да го замисли животот.
Фото: Принтскрин/Јутјуб