Радио Милева притисок до 230

Весна Змијанац со влошена здравствена состојба, пејачката ја чека операција

Весна Змијанац со влошена здравствена состојба, пејачката ја чека операција

Здравствената состојба на пејачката Весна Змијанац се влошила, а како што пренесуваат српските медиуми, фолк ѕвездата ја чека лекарската одлука за можна операција.

– Весна не е добро, не може да дојде на себе. Има многу висок крвен притисок, горниот оди до 230. Ги откажа сите настапи во наредниот период, беше принудена на тоа. Најблиските сега се со неа, обидувајќи се да и олеснат се’ – откри извор за Блиц.рс и додаде:

– Се уште е дома, а утре наутро оди на преглед. Потоа треба да открие дали е потребна операција и доколку е така, кога би била закажана.

Весна Змијанац со години се бори со проблематичната тироидна жлезда, а во една прилика изјави дека состојбата и се влошила поради промената на времето.

– Ме фаќаат потење, потреси, секакви работи. Ќе видиме, можеби тоа е кулминација. Нешто се случува во мојот организам, но не треба да го барате ѓаволот. Редовно посетувам лекар и ја проверувам функцијата на тироидната жлезда. Веќе 15 години се борам со тироидната жлезда – изјавила пејачката.

фото:Инстаграм/Весна Змијанац

To top