Брз колач со портокали:
Состојки:
230 гр брашно
1 прашок за пециво
3 јајца
3 полни лажици шеќер
50 гр растопен маргарин или путер
4 големи портокали
Подготовка:
Јајцата се матат, се додава брашното со прашокот за пециво, растопениот маргарин и 200 мл сок од портокал.
Се убаво измешајте и истурете во намрсена тава и печете на 200 степени околу 40 минути.
Исцедете 2 портокали, додајте 1 лажичка мед или засладете по желба и прелијте со врелиот исечкан колач.
Погледнете ги чекор-по-чекор инструкциите за подготовка:
извор:курир.мк