Радио Милева горда на себе

За Снеже Велков никогаш не е доцна: Ги истакна годините на роденденските свеќички и сподели интересен статус (фото) 

За Снеже Велков никогаш не е доцна: Ги истакна годините на роденденските свеќички и сподели интересен статус (фото) 

Како што отсекогаш сме велеле: „На дамите не им се бројат годините“, но кога веќе самата не ги крие, тогаш редно е да кажеме дека македонската ТВ водителка и најпозната пилатес инструкторка која вплови и во инфуенсерските води, Снеже Велков, го прослави 41 – от роденден.

Таа на социјалните мрежи често покажува дека редовно вежба и тоа уште од раните утрински часови, се храни здраво и како резултат на тоа изгледа совршено за нејзините години, па дури и многу паомлада и затоа годините во нејзиниот случај навистина се само бројка.

Овој пат, Снеже  заедно со објавата за роденденот,  напиша и сподели еден интересен статус.

Таа потенцираше дека за ништо во животот не е доцна, се со цел да ги мотивира  следбениците и дека се’ може да се постигне и за се’ постои едноставно решение само доколку се почитуваме себе си.

Па така, водителката се смести во категоријата „Никогаш не е доцна“, бидејќи она што младите го минуваат многу порано таа го развила и го доживеала малку подоцна.

„Доцна почнав да ги читам тоа мотивационите книги.. За емисија за која мечтаев едно 20 години ја имам сега. На 40 и кусур. Кај и да е на 50 треба да запалам прва цигара.
А на 60 да пробам џоинт. На 70 најверојатно ќе треба да се пропијам.
Ако сум подвижна накај 75 планирам ластик  да научам да играм. Оти тапа бев ко мала.
На 80 редно е месо да пројадам.
За тоа што не сум пораснала во висина нема да збориме. Ќе си купам нови штикли и тоа е се.
А овие 41 на тортава?! Мои се.
Ете така!
И да не ве слушнам да ми зборувате  за тоа како сте задоцниле за некои работи.“

За Снеже токму сегашниот момент е оној вистинскиот,  бидејќи секојдневно му се радува на животот и секогаш утрото го започнува со позитивна мисла, а роденденот беше повод плус за  денот што го чекаме цела година, да и биде уште поубав.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков

 

To top