Живот и Стил

Посна крем салата

Посна крем салата

Посна крем салата, совршена како мезе на посните прослави, но и како појадок или вечера со солени крекери или тост леб.

Состојки:

2 сардини во масло
150 гр варени моркови
150 гр варен грашок
150 гр варена слатка пченка
40гр праз
сол и бибер по вкус
200 гр посен мајонез

Подготовка:

Морковот изрендајте го на крупно ренде, ситно исечкајте го празот, исцедете го маслото од сардините.

Во сад за матење измешајте сè што е потребно за салата, зачинете по вкус, додајте мајонез и сè убаво измешајте.

Пред сервирање изладете во фрижидер.

Декорирајте по желба.

Извор: Курир.мк

To top