Еден учител добил прашања од учениците: „Како да препознаеме добар човек, личност со добра душа? Што прави таа личност? Што зборува?“.
Учителот одговорил:
„Воопшто не е важно што зборува човек, ниту како ти изгледа. Главната работа е во атмосферата која се менува во неговото присуство. Тоа ви е најмоќниот доказ.
Кога добрата личност ќе влезе во просторијата имаш чувство дека воздухот се променил, дека атмосферата е поубава, потопла, поудобна и тоа значи дека во просторијата влегла една добра душа, еден силен дух кој е во состојба да неутрализира сѐ останато.
На сличен начин ќе ја препознаеш и лошата личност. Ако одеднаш ти е неудобно, ладно, расположението одеднаш ти се променува, знај дека во просторијата влегла негативна, но и моќна енергија на една таква личност“.
Извор: Курир.мк