Сепак, нивниот мирис ги украсува нашите соби за пократко време отколку што сакаме, и секој пат ни е се потешко да ги ставиме во корпа за отпадоци.
Социјалните мрежи открија трик како попаметно да ги искористите преостанатите садови и тегли.
На профилот на TikTok @cleaningwithdanielled се појави многу корисно видео за тоа како да им дадеме нов живот на овие стаклени садови, за кои секогаш добиваме коментари за тоа колку се убави.
@cleaningwithdanielled Reuse your candle jars! ✨ did you know that @scrubdaddyuk dish daddy has a scraper on the end? Perfect to remove stubborn stains and sticker residue 🙌🏻 #cleaningwithdanielle #cleaningtips #cleaninghacks #hacksoflife #hacksandtips #reuse #recycle ♬ World Hold On – FISHER Rework – Bob Sinclar
Кога свеќата ќе изгори, се што треба да направите е прво да се ослободите од нејзините неупотребливи остатоци, за да стигнете до нов сад. Постапката е како што следува.
Во садот истурете зовриена вода и почекајте да отстои додека водата не се излади.
Ако свеќата дојде со капак, тогаш добро исчистете го за да не остане восок.
Кога водата ќе се олади, лесно ќе го извадите остатокот од восокот во садот. Потоа темелно исчистете го со детергент за миење садови, а ако налепницата е проблем, отстранете ја со топла вода.
Ќе ви остане прекрасен сад кој може да се користи за разни намени, за чување слатки, грицки, шноли, ластичиња…
извор:попара.мк
фото:shutterstock