Кога детето треба да престане со редовниот сон попладне? На ова прашање се обиде да одговори Алан Сејлем, педијатар од „Роквил центарот“ во Њујорк, САД, според кого, потребите за сон дење се разликуваат од дете до дете.
– Некои малечки целосно ќе престанат да спијат попладне веќе во третата година, додека на други повремено ќе им треба редовен сон преку ден дури и на петгодишна возраст. Детето е она што ја има главната улога во „елиминирањето“ на дневниот сон, односно знаците коишто јасно можат да откријат дали е време да го исфрлите дневниот сон од секојдневната рутина. Имено, предвременото прекинување на редовниот сон преку ден, може да доведе до прекумерен замор и лошо расположение, па затоа им препорачувам на родителите – обрнете внимание на следните знаци…, вели Сејлем.
Тие знаци се: Сè почесто детето го прескокнува дневниот сон и поради тоа нема никакви проблеми; станува многу рано наутро; спие помалку од 10 часа навечер; му станува сè потешко да заспие попладне; тешко заспива ноќе.
Педијатарот нагласува дека и ако детето е вообичаено добро расположено, тоа значи дека најверојатно веќе нема потреба од редовната попладневна дремка.
извор:курир.мк