Живот и Стил

(ФОТО) Тајниот бункер на Тито ја има најнеобичната галерија во светот

(ФОТО) Тајниот бункер на Тито ја има најнеобичната галерија во светот

Титовиот таен бункер е наизглед традиционална босанска куќа, но всушност е влез за една од најголемите тајни простории, кои се најголема инвестиција во поранешна Југославија.

Бункерот скриен под планината Златар во близина на Коњица во централна БиХ со децении е држен во тајност, а денес е отворен за јавноста.

Во него се вложени 4.6 милијарди долари, а граден е во периодот меѓу 1952 и 1979 година, со цел во него да може да се скријат Тито, неговото семејство и 350 најблиски соработници, во случај на нуклеарна катастрофа.

 

Тајниот бункер бил откриен во 1992 година од страна на босанската војска, која одредено време го чувала во тајност, а подоцна е отворен за туристи и вљубеници во модерната историја.

 

Објектот не само што е совршено зачуван, туку и поседува една од најнеобичните галерии, во која може да се најдат слики и дела, кои го опишуваат животот во СФРЈ и промените кои довеле до нејзино распаѓање.

извор:република.мк

 

 

To top