Пејачката Лепа Брена е примена во приватна клиника во Белград каде што имала закажан термин. Во таа прилика таа откри дека била во болница бидејќи имала закажан преглед за проблем со ногата.
– Имав сериозна тромбоза, а оттогаш редовно земам лекови. Најмногу што можете да направите е да се грижите за себе, колку спиете, колку тренирате, дали користите витамини, што јадете. Се грижам за себе, сакам да бидам здрава и да се чувствувам убаво и здраво – изјави во една прилика Брена во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“.
Брена по излегувањето од болница уште еднаш изјавила дека имала рутински преглед и дека сега се е во ред со нејзиното здравје.
– Цел живот носам резервни чорапи, телефон и несесер, таму имам секакви работи, носам парфем, крема за раце, полнач, пари и картичка и нешто без што не можам да функционирам последнава година, а тоа се витамините. Ги користам кога имам концерт или имам напорен ден. Редовно ги пијам сите овие витамини бидејќи ми дозволуваат да бидам здрава, но имам и лек кој ми помага кога се прејадувам. Носам и хомеопатски капки, кога сум многу нервозна или иритирана ги ставам под јазикот – истакнала пејачката.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена