Фолк пејачот од Кичево Мики Данилоски е вистинаски феномен. Она што на овој естраден уметник му се случило е за рубриката „Верувале или не“ на Рипли.
Имено, Мики уште пред повеќе од две години имал нова песна насловена „Ајде Македонци“ низ чии стихови провејува патриотска содржина. За жал и по сите негови обиди песната да ја здогледа виделината на денот, пејачот немало каде да ја промовира. Мики конкурирал на повеќе македонски фолк фестивали со истата, но или бил одбиен или игнориран. Верувале или не, песната била дури одбиена и на фестивалот за новосоздадени родољубиви и патриотски песни, „Гоце фест“. Дали спорни биле стиховите: „Дојдоа луѓе проклети, дојдоа луѓе-изроди, тоа што се чувало со векови, го продадоа за беспари“… Или оние во рефренот во кој се пее:
„Ајде Македонци на нозе, доста е молчење, името свето да го вратиме , а НИВ џенем да ги испратиме“… При тоа она со „враќањето на името“ на многумина веројатно им бодело очи, додека во оноа: „НИМ џенем да ги испратиме“, наликува дека се пропознале поединци од институциите одговорни за организацијата на фестивалите и фестивалските содржини, поставени од власта, свесна дека е пред заминување.
Сепак пејачот не се разочарал до крај, туку видел не видел, тргнал да бара алтернативни начини за промоција. Така, песната успеала да го најде својот пат до етерот и јавноста откако Даниловски стапил во контакт со ИН продукција кои патем се застапници на ИНТВ – Македонската музичка, сателитска телевизија која зрачи низ целиот свет и е една од најгледаните во дијаспората.
Мики Даниловски за ИН продукција снимил и видеозапис на неколку познати историски локации низ Македонија, кој веќе се врти на ИНТВ.
Како звучи и изгледа видеото за песната „Ајде Македонци“ која е одбиена на сите наши фестивали, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):