Пејачката Марина Вишковиќ со својата мајка отпатувала на Маурициус, а за овој одмор издвоила значителна сума пари.
Имено, Марина своевремено изјавила дека денес многу заработува и може да си дозволи што сака.
Таа поминала неколку дена со мајка си на егзотична дестинација, а како што сега е откриено, искеширала 7.000 евра само за сместување.
“Марина се одлучи за Маурициус затоа што го обожава овој остров во југоисточниот дел на Индискиот Океан, каде што летувала неколку пати. Иако е многу скап, парите никогаш не и биле проблем бидејќи се знае дека во последните десет години таа беше една од најплатените пејачки во Србија, па може да си дозволи ваков луксуз“, рекол извор близок до пејачката и додал:
“Таа се одлучи за хотел со пет ѕвезди кој нуди се што можеш да посакаш, а се наоѓа токму на плажа. За тоа задоволство за себе и нејзината мајка, која ја понесе со себе, искеширала околу 7.000 евра. Ако тоа ако додаваме авионски билети и вонпансионски трошоци, стигнуваме до блага сума од 10.000 евра, што очигледно не е сериозен трошок за Марина“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм