Ракометарот на „Вардар“ и македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов стана татко по вторпат. Неговата сопруга Деница на свет донела машко бебе, а убавата вест ја споделија од неговиот клуб каде допрва ќе се слави за приновата.
Тато Стојанче по пракса остана резервиран за откривање детали во јавноста, па како и секогаш тоа за него го направи некој друг.
Стоилов и неговата сопруга не се активни корисници на социјалните мрежи, така што за да видиме нешто повеќе за новородениот наследник, ќе почекаме.
За првото синче, фотографиите од тоа како го држи наследникот во раце ги објавија од приватната болница каде се породи неговата сакана.
View this post on Instagram
За потсетување, Стојанче и Деница се венчаа во 2019 година по кратка врска, а поради корона вирусот направија само интимна прослава со најблиските.
Набрзо потоа во месец август 2020 година пристигна и наследникот Бојан кој е сега има две ипол години.
фото: Инстаграм принтскрин