Живот и Стил

Рака суви сливи ќе направи чуда за женскиот организам

Рака суви сливи ќе направи чуда за женскиот организам

Сувите сливи се одличен избор кога имате здравствени проблеми. Иако се богати со шеќер, тие се полни и со влакна, кои помагаат да се забави апсорпцијата на шеќерот во крвотокот.

Сојузници се на цревата, бидејќи благодарение на редовното консумирање ја подобруваат нивната состојба, а помагаат и при запек и хемороиди.

Идеален избор се и кога сакате да се ослободите од вишокот килограми, бидејќи го зголемуваат количеството на добри бактерии во цревата, што влијае на слабеењето. Покрај тоа, тие создаваат чувство на ситост и спречуваат ненадејни напади на глад.

Порција од само 5 парчиња од ова овошје содржи 6 g влакна, што е прилично голема доза од оваа важна хранлива материја. Тие исто така содржат и други есенцијални хранливи материи како што се калиум, кој го помага варењето и го регулира крвниот притисок, и витамини А, К, Б6, како и ниацин и железо.

Тие се богати и со минерал наречен бор, кој е одговорен за градење здрави коски и мускули. Истражувањата докажаа дека редовното консумирање сливи го спречува губењето на коскената маса кај жените во менопауза. Доколку се наоѓаат на вашето мени, тоа ќе ја спречи остеопорозата.

Друга студија исто така покажа дека јадењето суви сливи го намалува негативното влијание на зрачењето врз коскената маса, така што луѓето кои се на ваков третман дефинитивно треба да додадат суви сливи во исхраната.

Недостатокот на железо, што е многу често кај постарите жени, предизвикува оксидативно оштетување на кожата, што доведува до повеќе брчки, фини линии и целокупно влошување на кожата. Истото е случај и со опаѓањето на косата. Треба да јадете само 5 суви сливи секој ден и многу брзо ќе забележите промени.

извор:курир.мк

To top