Живот и Стил

Совети за негување на кадрава коса: Зачувајте ги вашите природни кадрици и одржувајте ги сјајни

Совети за негување на кадрава коса: Зачувајте ги вашите природни кадрици и одржувајте ги сјајни

Природно витканата коса бара посебни третмани и нега, за секогаш да изгледа свежа и сјајна.

Често се случува локните да не се дефинираат во својот полн сјај, но за тој изглед потребни се само неколку едноставни чекори.

Еве како косата да изгледа здраво, бујно и природно.

Најдете соодветна рутина

Кадриците се разликуваат од коса до коса, затоа тие секогаш бараат посебен вид посветеност и грижа. Најдете производи кои одговараат на вашиот тип на коса и детално проучете го најдобриот метод за нивно нанесување.

Како што споменавме, кадриците се различни. Некои се помали и поцврсти, па затоа често се посуви и посклони кон кршење на косата отколку со поголемите кадрици. Особено им е потребна силна грижа кога надвор преовладува сув воздух.

Затоа, истражете малку повеќе за вашиот тип коса и не плашете се да пробате нови техники, шампони, маски или креми наменети за вашиот тип коса.

Не ја мијте премногу косата

Запомнете, кадравата коса е природно сува и склона кон разлетување. Природните масла на вашата коса, кои ја одржуваат правата коса сјајна и хидрирана, не можат да патуваат низ пресвртите на кадравата коса. Пореткото шампонирање може да им помогне на вашите кадрици да задржат повеќе влага, со што ќе ги одржувате помеки и поздрави. Кога користите шампон, не заборавајте да користите шампон дизајниран за кадрици за да ви помогне да ја дефинирате и расплетувате косата.

Стилизирајте ја кога е свежо измиена

Многу гелови за стилизирање, спрејови, пени и други производи за луѓе со кадрава коса се дизајнирани да работат на влажна коса. Јаки се и одлично делуваат на свежо измиената коса. Затоа е идеално да завршите половина од работата без воопшто да почнете да ја сушите косата.

Дифузер

Дифузерот или додатокот за фен е имитација на рака, па затоа има кружен облик, како рака и има пластични подебели игли кои служат да ја раздвојат вашата коса и да ги дефинираат локните за време на високите температури што ги достигнува фенот. Користете го така што ќе ја навалите косата и ќе соберете помали делови со дифузерот, „ќе ја нагужвате“ нагоре, сè до скалпот.

Секако, најдобро би било да го користите што помалку поради топлината која ја оштетува вашата коса. Затоа, прибегнете кон природно сушење каде наместо дифузер ќе ја користите вашата рака и одредени креми.

Чешлање

Не грижете се, знаеме дека четката и локните не се добар пар, но затоа постојат четки наменети само за нив. Има четки со широки игли кои совршено и многу вешто ги делат вашите кадрици. Започнете со чешлање на локните од краевите на косата кон корените. Запомнете, само нежно и трпеливо.

извор:курир.мк
фото:shutterstock

To top