Радио Милева

(ФОТО) Македонската пејачка ја заборави сцената: Стана мајка, се промени, а сега го покажа и преслаткото синче!

(ФОТО) Македонската пејачка ја заборави сцената: Стана мајка, се промени, а сега го покажа и преслаткото синче!

Младата пејачка од Кавадарци, која пред неколку години беше активна на македонското забавно музичко небо, веќе извесен период ја подзаборави музиката, барем кога се настапите и новите песни во прашање.

Софија Манева, а од минатата година и госпоѓа Падикова, пред речиси една година се реализираше во улогата на мајка и со својот сопруг Ангел станаа родители на наследникот кој го доби името Петар.

Бебенцето веќе им потпорасна, а деновиве дојде време и за неговата крштевка која се случи во кругот на најблиските во нивниот роден град. Во една прилика за дневниот весник „Вечер“ Софија изјави дека мајчинството е преубаво, но и напорно.

Малиот Петар е прекрасно, мило и мирно бебе. Ја има најубавата насмевка на светот. Мајчинството е преубаво, но и напорно. Петар е бебе кое во текот на ноќта се буди по неколку пати и стандарно сум ненаспана, но мислам дека не постои мајка која е наспана и одморена. Сите дома забележавме дека Петар многу сака музика и заспива исклучиво со приспивни песни”, потенцираше младата пејачка која веќе неколку години апстинира на музички план, но ветува дека наскоро ќе ја изненади публиката со нешто ново и интересно.

Инаку, освен тоа што како што вели повторно ќе и се врати на сцената, Софија веќе четири години е посветена во работата во својата парфимерија каде нуди и шминкерски услуги, а пак на Јутјуб каналот редовно поставува туторијали од својата работа.

Што ново ќе претстави на музички план, останува да видиме…

фото:фејсбук

To top