Таткото на Ријана, Роналд Фенти, јавно се огласи откако пејачката и негова ќерка откри дека ќе стане мајка по вторпат.
Фенти тврди дека за бременоста на неговата ќерка, како и сите останати, дознал за време на спортскиот натпревар „Супер Боул“.
Тој за „TMZ“ раскажал дека немал поим дека неговата ќерка чека второ дете со раперот АСАП Роки.
„Ох, мој Боже, моето девојче е бремено“, извикал Роналд во текот на настапот на Ријана на полувремето на „Супер Боул“. Тој додал и дека е многу возбуден поради приновата во семејството и се надева дека Ријана ќе роди ќерка.
Инаку, пејачката од Барбадос и нејзиниот татко со години имаа проблематичен однос. Во септември 2021 година, таа се откажа од тужбата која ја отпочна против него, во која го обвини дека го злоупотребувал нејзиното име во корист на сопствената компанија, но се верува дека случајот го решиле надвор од судот.
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Јутјуб