Ќерката на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, вчеравечер го прослави 20-от роденден, кој не кожеше да помине без изненадувања кои и ги приредија најблиските.
Откако мама и ја исполни желбата да и организира забава, славеничката дочека изненадување и од пријателите со кое се пофали на социјалните мрежи.
Имено, нејзините пријатели најдобро знаат како да и го разубават славеничкиот ден, па собата и ја исполнија со многу балони, тората во облик на бројот 20, но и многу цвеќе и слатки.
Притоа, среќната роденденка не заборави да нагласи дека има бнајдобри пријатели на светот.