Живот и Стил

Бајадера со кокос: Омилените ситни колачи на поинаков начин

Бајадера со кокос: Омилените ситни колачи на поинаков начин

Нема кој не сака бајадери, а овие мали колачи се незаменливи на секоја празнична трпеза. Време е да пробате бајадера со кокос.

Состојки:

400 гр бисквити

200 гр кикирики

50 гр шеќер

150 мл млеко

150 гр путер

40 гр кокос

100 гр чоколадо

За глазурата:

100 гр чоколадо

1 лажица масло

За декорација:

80 гр чоколадо (по избор)

Подготовка:

Изблендирајте ги бисквитите и кикириките, па измешајте ги во еден сад. Во тавче истурете ги шеќерот, млекото и путерот и варете додека не се стопат и не се соединат. Потоа додадете го во смесата со бисквити и кикирики и сè убаво измешајте. Ако смесата е сува, додадете уште малку млеко.

Поделете ја смесата на 2 еднакви дела. Во едниот дел додадете кокос и убаво измешајте, а во другиот чоколадо растопено на пареа и добро соединете. Тавата обложете ја со хартија за печење, па истурете половина од црната смеса и израмнете ја, па прелијте ја половина од белата смеса и повторно израмнете.

Потоа истурете ја преостанатата црна смеса, израмнете, па преостанатата бела и повторно израмнете. Чоколадото растопете го на пареа со масло и прелијте го врз колачот.

Ставете во фрижидер 1-2 часа. Ако сакате, можете да стопите уште малку чоколадо, па истурете го во кесичка за замрзнувач и исечете мала дупка, па украсете го колачот. Вратете го во фрижидер да се стегне чоколадото.

извор:popara.mk

To top