Музичарката Лили Ален го достигна врвот на популарноста во 2000 година, а како што вели таа повторното враќање на сцена во 2012 година создаде чувство на осаменост, кога сосема изгубила контрола врз нејзиниот живот.
33 годишната пејачка, најпозната по својот музички хит “Not Fair”, истакнува дека нејзините проблеми ѝ започнале во периодот кога го објавила третиот музички албум “Sheezus” и дека дожвеала нервен слом. Го изгубила сопствениот идентитет, а тоа влијаело на неа и нејзиното семејство.
“Се изгубив себе и својот идентитет. Бев лоша мајка и бев лоша во својата работа. Ќе се разбудев во автобус во Висконсин и ќе бев мамурна. Го изневерував мојот сопруг. Сè што сакав е само да бидам со своите деца. Дури не заработував и пари”, призна во разговор за “Vogue”.
Додека зборуваше за нејзиното враќање на музичката сцена, Лили објаснала дека се чувствувала како Алиса во Земјата на чудата.
“Имав 89 килограми и морав да ја намалам тежината. Не јадев, не спиев”, вели Лили.
“Секогаш сум можела да се контролирам, но тогаш бев мајка која две години ги помина во топлинки. Ангажирав тим да ме облекува, да ми ја средува косата, ноктите и шминката – сè она што го прават поп ѕвездите. Се чувствував како да сум Алиса во Земјата на чудата”.