Радио Милева животни предизвици

Ана Николиќ одвоила голема сума за детоксикација – еве каде заминува познатата пејачка (фото)

Ана Николиќ одвоила голема сума за детоксикација – еве каде заминува познатата пејачка (фото)

Пејачката Ана Николиќ решила да замине во една позната клиника во Австрија на детоксикација на телото, за што платила 50.000 евра.

– Ана е свесна дека пред концертот во Белград ја очекува напорен период, а со оглед на тоа дека ова ќе биде вистински музички и визуелен спектакл со голем број танчери и дека ќе има изискателна кореографија која бара физичка подготвеност, па таа одлучи да биде колку што е можно поподготвена – вели изворот.

– Пријателите и колегите и предложија да посети една од познатите приватни клиники во Австрија, каде престојувале многу јавни личности од Србија, а која се занимава со детоксикација на телото. Станува збор за место кое се наоѓа во мирен дел на Клагенфурт со поглед на езерото, а целата програма е адаптирана така што по завршените третмани и прегледи, личноста која се подложува на детоксикација е исклучително физички и психички подготвена за сите животни предизвици. Програмата се базира на холистички третмани, масажи, лимфна дренажа и консумација на природни чаеви специјално подготвени од оваа клиника. На Ана многу и се допадна целата приказна, особено кога и ја препратија веб-страницата на клиниката каде што виде како изгледа сето тоа.

– Ана е перфекционист и конформист. Сака да се задоволува себеси и сака да биде добра. Кога ги погледнала фотографиите од клиниката, сфатила дека таму може да биде еден месец, а не само две недели. Луксузно опремената вила на езерото била доволна причина Николиќ да закаже престој. Со оглед на тоа што само еден ден ја чини околу 3.100 евра, за две недели ќе потроши близу 50.000, вели изворот на „Хелоу“ и додава дека пејачката се воодушевила кога видела еден од третманите на таа клиника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Ана Николиќ

To top