Празникот на вљубените убедливо најде место во нашата култура, а поради големата еуфорија која се создава, сите влегуваат во романтично расположение.
За ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Стефановска или по ново Најдоски, ова е прв Св.Влантин кој го слави како мажена жена.
Таа и сопругот сакаа да поминат една необична ноќ на вљубените, не посакаа да избегаат од градот и да поминат романтичен викенд во убава вила или хотел, туку посакаа романтична вечера во својот дом и тоа заедно со уште три двојки.
Па така, домаќините го претворија својот дом во луксузен ресторан, се потрудија за секој детаљ да биде во знакот на љубовта, избраа квалитетно вино и најважно се собраа со оние на кои им беше ќеф да слават заеднички.
Домаќинката се потруди амбиентот да го долови од повеќе агли и да им покаже на своите следбеници дека и за Денот на вљубените организацијата и е со стил.
Просторот кога ќе си бидат доволни еден на друг, веројатно го оставија за после вечерата откако ги испратија гостите, а дневниот простор за добра ноќ разбирлво го заменија со спалната соба која секако останува интима.
фото:Инстаграм принтскрин/Елена Најдоски