Живот и Стил

Направете ручек за 15 минути: Пилешко во неодолив сос кој ќе го изедете за час!

Направете ручек за 15 минути: Пилешко во неодолив сос кој ќе го изедете за час!

Состојки:

2 супени лажици маслиново масло
2 парчиња пилешки гради
3 dl млеко
3 dl пилешка супа
3 чешниња лук
250 гр фетучини
1 дл крем за готвење
100 гр рендано сирење
½ китка магдонос
сол, бибер

Подготовка:

На врело масло пропржете го пилешкото зачинето со сол и бибер. Кога ќе се испече, извадете го и кога ќе се излади исечете го на ленти. Во истата тава додадете млеко, супа и лук. Зачинете со сол и бибер. Кога ќе зоврие додадете ги фетучините и варете 3 минути со постојано мешање. Кога тестенините ќе се сварат ал денте, додадете павлака и сирење. Варете додека не се згусне. Додека се топли, во чинија ставете ги тестенините со сосот, одозгора наредете го исечканото пилешко филе и украсете со магдонос.

Извор: Курир.мк

To top