Пред четири месеци пејачката Индира Арадиновиќ Инди стапна на „лудиот камен“ со нејзиниот избраник од Данска.
Меѓутоа, таа неодамна се врати во Србија, а потоа ги избриша сите заеднички фотографии со партнерот. Таа дури и го тргнала презимето на сопругот Ѓурѓевиќ од социјалните мрежи и го врати моминското презиме.
Како гостин во шоуто Амиџи, таа за прв пат одговараше на прашања за нејзината ненадејна и тајна венчавка, за краткотрајниот живот во Данска и сега за шпекулациите за нејзиниот развод.
– „Мојот брак во моментов е на „стендбај“. Тој е во Данска, живее и работи таму, јас сум тука, па ќе видиме… Ако функционира, ќе функционира, а ако не, Боже мој. Пробав, видов, не чини и тоа е тоа – изјави Инди, насмеајќи ги сите во студиото.
На прашањето на Огњен Амиџиќ зошто ги избришала сите фотографии од Инстаграм, таа даде неочекуван одговор.
– Се скаравме, многу ме изнервира и решив се да избришам. Го вратив презимето затоа што сите ме знаат како Инди Арадиновиќ, а не како Ѓурѓевиќ, иако во документите сум Ѓурѓевиќ. Сепак – рече низ смеа, оставајќи ја оваа тема недовршена.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб Амиџи Шоу