Сочно и апсолутно неодоливо.
Ако ви се допаѓа комбинацијата од компири и месо, дефинитивно ќе ви се допадне оваа мусака.
Затоа денес ви предлагаме сочна варијанта со сланина и кашкавал.
Состојки:
250 гр мелено месо
1 главица кромид
четири чешниња лук
50 грама сува сечкана сланина
масло
црвен пипер, бибер, сув зачин
500 гр компир
100 грама рендан кашкавал
2 јајца
100 мл млеко
2 лажици кисела павлака
Подготовка:
Компирите исечкајте ги на кругови, па додадете малку масло и измешајте. Наредете половина од компирите во подмачкана тава.
На масло пропржете ги сечканиот кромид и сланината, а кога ќе се испржат додадете ги споменатите зачини.
Наредете половина од компирите, а одозгора непрженото мелено месо, па ставете го пржениот кромид со зачини. Над него ставете уште еден ред прстени од компири.
Покријте со фолија и печете во рерна на 220 степени до 30 минути. Извадете од рерна, прелијте со изматените јајца во кои сте додале половина од ренданиот кашкавал, млекото и павлаката, а потоа прелијте ги компирите.
На крајот додадете го остатокот од ренданиот кашкавал и вратете во рерна и печете уште 30 минути додека убаво порумени.
Погледнете го упатството за подготовка чекор по чекор:
Извор: Курир.мк