Водителот на емисијата „Никад није касно“, Жика Јакиќ наполни 59 години и прослави со голема забава на која пееше и самиот. А меѓу пријателите кои му честитаа беше и Светлана Цеца Ражнатовиќ која му кажа само две работи.
На големата забава кај Жика синоќа меѓу другото за него пеел и Ацо Пејовиќ.
Аца не се штедеше, па ги отпеа хитовите на колегите, а и славеникот се фати за микрофонот. Жика ја испеа „Два динара друже“ од „Рибја чорба“ па сите му честитаа за неговиот неверојатен талент за пеење.
А Цеца Ражнатовиќ, која имаше само две желби за нејзиниот пријател, му го честиташе роденденот на Жика:
– Жика, остани таков прекрасен и верен пријател! Те сакам! – напиша пејачката.
Јакшиќ е омилен пријател на многу пејачи со кои се зближи додека беше главен менаџер во „Гранд продукција“. Неговиот животен пат не бил лесен, а пред неколку години Жика зборувал за сето она што го правел сѐ додека не му предложил на Саша Поповиќ да ги создадат „Ѕвездите на Гранд“, која има неверојатен успех.
фото: Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм/Жика Јакшиќ