Изненадувачки е како некои намирници можат да ги влошат или подобрат симптомите на грип или настинка, а да не сте ни свесни за тоа.
Грипот често го отежнува консумирањето храна бидејќи предизвикува мачнини или болки во стомакот. Мачнините најчесто го намалуваат апетитот, а гастроинтестиналните симптоми како повраќање и дијареја можат да станат почести доколку се консумира храна која не е соодветна за состојбата.
Внесот на храна богата со хранливи материи е корисен без оглед на видот на болеста, но со одредени намирници треба особено да бидеме претпазливи.
Кога сте настинати или чувствувате малаксаност, обидете се да ја избегнувате следнава храна:
Пијалаци со кофеин и алкохол
Кофеинот и алкохолот можат да ги влошат симптомите, особено оние кои се поврзани со стомачни тегоби, и од таа причина се препорачува да пиете вода и да внесувате други бистри течности во текот на денот. На тој начин ќе спречите дехидратација на организмот.
Масна храна
Кога ве мачат стомачни проблеми, но и кога имате покачена телесна температура, обидете се да избегнувате храна која тешко се разградува и која ја отежнува работата на гастроинтестиналниот систем. Тука спаѓа храната богата со заситени масти како и пржената и масна храна.
Тешко сварливи житарици
Кога имате грип, се препорачува да консумирате едноставни/рафинирани јаглехидрати. Намирниците како суви солени крекери, двопек и переци се лесни за вашиот стомак. Од друга страна, избегнувајте ја храната која содржи повеќе влакна бидејќи истата е тешко сварлива.
Слатка храна или пијалаци
Можеби мислите дека купечките овошни сокови збогатени со витамин Ц се најдобриот избор кога сте болни, но повеќето од нив се полни со вештачки шеќери. Затоа избегнувајте ги, како и слатката храна, и пијте вода и одмарајте за вашето тело побрзо да закрепне.
фото:точка.ком.мк