Живот и Стил

Сакате помалку килограми и подобар сон? Еве како чоколадото може да ви помогне во тоа

Сакате помалку килограми и подобар сон? Еве како чоколадото може да ви помогне во тоа

Започнувањето на денот со чоколадо може да ви помогне да согорите маснотии и да поттикнете губење на тежината, тврдат научниците.

Балансирана исхрана значи дека во чинијата имаме малку од она што го сакаме, но експертите велат дека малку чоколадо сепак може да ни помогне во напорите и намерата да ослабеме.

Млечното чоколадо е познато по тоа што содржи многу шеќери и масти, и е првото нешто или храна на која помислувате кога сте на диета. Но, истражувачите од Бригам и Женската болница во Бостон ги разгледале придобивките од вклучувањето на чоколадото во исхраната.

Тие собрале податоци за 19 жени во постменопауза. За да се провери дали чоколадото може да помогне при слабеење, секоја жена консумирала 100 грама млечна чоколада во рок од еден час по будењето или во рок од еден час пред спиење. Експертите потоа го споредиле зголемувањето на телесната тежина кај жените кои земале чоколадо и жените кои не земале.

Студијата, објавена во списанието FASEB, може да биде олеснување за многу жени кои сакаат да ослабат, но не сакаат да се откажат од својот омилен „грев“, чоколадото.

Јадењето чоколадо наутро или пред спиење немало никакво влијание врз тежината, откриле истражувачите. Тие навеле и дека консумирањето чоколадо може да влијае на гладот и апетитот, како и на сонот.

Јадењето чоколадо наутро може да помогне во согорувањето на мастите, а исто така може да го намали нивото на гликоза во крвта, велат научниците. За вечерното грицкање чоколадо, научниците велат дека тоа може да влијае на метаболизмот и може да доведе до поредовно спиење.

извор:точка.ком.мк

To top