Радио Милева со сигурен став

Снежана Ѓуришиќ одбива да пее на големи концерти, а ова е причината за тоа…

Снежана Ѓуришиќ одбива да пее на големи концерти, а ова е причината за тоа…

Пејачката Снежана Ѓуришиќ со години важи за една од најголемите ѕвезди на народната музика во Србија, а дополнителна популарност и донесе музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“ во кој со години е една од омилените членови на жирито.

На почетокот на 2023 година две популарни пејачки кои ја започнаа својата музичка кариера во ова музичко натпреварување, Александра Пријовиќ и Милица Павловиќ најавија концерт во Штарк Арената, а медумитеги интересираше дали и Снежана Ѓуришиќ би сакала концерт на истото место.

фото: принтскрин/инстаграм/снежанаѓурушиќ

– Би се осмелила, но не сакам. Музиката што ја пеам е фолк и контактот со публиката ми е многу важен, а тоа не можам да го имам кога се работи за толку голем простор – кратко прокоментира пејачката и додаде:

– Можеби концертот на Мирослав Илиќ би можел да ме демантира. Тоа е голема работа и бара многу енергија, особено кога е направена на едно такво место.

Припадниците на седмата сила се интересираа како таа се подготвува со кандидатите, на што пејачката одговори.

– Сите тие се добри деца, понекогаш даваат данок на неискуството, но тоа е нормално. Тука сме да ги водиме – објаснила Снежана за „Гранд онлајн“.

фото:Инстаграм принтскрин/Снежана Ѓуришиќ

To top