„Првиот шумски град во светот“ со години се гради во кинескиот град Лиужоу. Миланскиот архитект Стефано Боери работи на овој проект со неговиот тим, кој инаку развива зелени проекти низ светот со цел да го промени изгледот и перцепцијата на градскиот живот.
Лиужоу е еден од градовите во светот најмногу погодени од смог, па затоа е избран за овој проект.
View this post on Instagram
Градот ќе биде целосно одржлив и ќе користи обновливи извори на енергија, а ќе се протега на неверојатни 432 хектари густа шума покрај реката Лиуџианг, во северниот дел на Лиужоу. Самиот град ќе има сè што има еден модерен, урбан град – комерцијални зони, станбени области, рекреативни области, болница и две училишта.
Според „Euro News“, планот е по завршувањето на изградбата во овој град да се населат околу 30.000 луѓе, а да има 40.000 видови дрвја и еден милион растенија кои заедно можат да апсорбираат дури 10.000 тони јаглерод диоксид. Идејата е да се помогне за подобрување на квалитетот на воздухот.
View this post on Instagram
Бидејќи проектот сè уште е во изградба, на официјалната веб-страница на архитектот се достапни само нацрти, но од останатите шумски населби на кои работел овој тим, можеме само да замислиме колку магично ќе изгледа првиот шумски град во светот.
View this post on Instagram
Италијанскиот архитект веќе го изгради градскиот комплекс Easyhome Huanggang Vertical Forest, кој се простира на 4,54 хектари и вклучува две станбени и три комерцијални кули. Дом на повеќе од 1,2 милиони луѓе, Хуанганг се наоѓа во провинцијата Хубеи, околу 70 километри источно од Вухан.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Извор: Точка.мк