На социјалната мрежа Инстаграм досега сме виделе, посведочиле или биле дел од разни предизвици кои кружеле и зафатиле многумина што не успеале да останат имуни без да одговорат.
Најмногу биле такви поврзани со времето и на некој начин времеплов од минатото.
View this post on Instagram
Еден таков сличен деновиве постави пејачката Елена Ристеска која предизвика уште петмина свои колеги и соработници. Имено, станува збор за предизвик од кој треба да објават своја фотографија од пред 20 години.
На Елена и беше лесно да најде таква од себе си бидејќи неодама прослави две децении откако “девојчето со чорапчињата” победи на аудицијата “М2 Потрага по ѕвезда”.
Во идејата да предизвика или испровоцира истото да го направат и други, таа ги избра: Туна Сејдиу, Александра Пилева, Каролина Гочева, Панчо ДНК и нејзниниот стилуист Даниел Николовски.
Засега, ниту еден од нив не возврати со реакција на прозивката на Елена, а дали не најдоа соодветна фотографија за да ја покажат јавно или едноставно не им е до предизвици, останува да видиме дали некој од нив ќе се приклучи на овој Инстаграм предизвик или ќе остане резервиран.
фото:Инстаграм принтскрин/Елена Ристеска