Кремаст десерт со кафе и чоколадо.
Состојки:
130 гр темно чоколадо
1 јајце
белки
2 лажици силно, засладено турско кафе
15 гр путер
цимет по желба
малку сол
Подготовка:
Чоколадото ситно исецкајте го, ставете го во тенџере, прелијте го со кафе и со мешање растопете го на пареа.
Чоколадото тргнете го од пареата и постепено измешајте го путерот исецкан на парчиња. Оставете да отстои околу една минута.
Одделете ги жолчките од белките, а потоа измешајте една жолчка во чоколадната смеса.
Изматете ги белките додека не се стегнат со малку сол. Во растопеното чоколадо веднаш измешајте околу четвртина од „снегот“ за малку да омекне. Потоа полека измешајте го остатокот од пенестата смеса.
Добиениот мус поделете го во четири чинии и ставете го во фрижидер најмалку три часа. Пред сервирање посипете со цимет.
изворкурир.мк